• среда, 18 декември 2024

Путин: Русија ќе спречи какво било странско мешање во демократскиот изборен процес

Путин: Русија ќе спречи какво било странско мешање во демократскиот изборен процес

Москва, 15 декември 2023 (МИА) - Русија ќе спречи какво било странско мешање на претстојните избори, изјави денеска претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин.

„Секое мешање во внатрешните работи на Русија ќе биде спречено и сузбиено, во согласност со руските закони. Ќе ја заштитиме слободата на нашиот народ, неговиот суверенитет и правото да ја изберат својата иднина. Народот и само народот на Русија се единствениот извор на моќта во нашата земја“, рече Путин на средбата со партиските лидери во Долниот дом на Државната Дума.

Тој додаде дека предизборната кампања треба да биде конкурентна, а изборите да се спроведат на транспарентен и легитимен начин со почитување на демократските процедури. рп/

Фото: ЕПА

Остани поврзан