• сабота, 23 ноември 2024

Путин: Русија е подготвена за преговори со Украина

Путин: Русија е подготвена за преговори со Украина

Москва, 5 ноември 2024 (МИА) – Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека земјата е подготвена да води преговори со Украина.

- Неколку пати кажав дека Русија не само што е подготвена за преговори, туку во одредена фаза, на самиот почеток на овој конфликт, ги водеше тие преговори. Дури беше подготвен и заеднички прифатлив договор, кој украинската страна го парафира. Сепак, на совет од страна, кој подоцна го потврдија и официјални претставници на Украина, украинската страна го отфрли тој договор, рече Путин на церемонијата на предавање на акредитивните писма на странските амбасадори во Кремљ.

Тој исто така рече дека Русија е отворена за меѓусебна соработка со сите земји.

- Русија е отворена за взаемно корисна соработка со сите држави без исклучок врз принципите на еднаквост, немешање во внатрешните работи и строго почитување на меѓународното право, рече тој.

Во однос на конфликтот на Блискиот Исток, Путин рече дека Русија активно се обидува да спречи палестинско-израелскиот конфликт да ескалира во поголема војна. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан