• четврток, 26 декември 2024

Путин пристигна во Киргистан

Путин пристигна во Киргистан

Бишкек, 12 октомври 2023 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин денеска пристигна во посета на Киргистан, што е негово прво познато патување во странство откако Меѓународниот кривичен суд издаде налог за негово апсење.

Путин ретко ја напушта Русија од почетокот на инвазијата на Украина кон крајот на февруари 2022 година и не е познато дека патувал надвор од земјата откако Судот издаде налог за апсење во март под сомнение дека незаконски депортирал стотици деца од Украина.

Кремљ ги негира ваквите обвинувања, пренесуваат хрватските медиуми.

Рускиот претседател во текот на денот треба да разговара со својот киргистански колега Садир Јапаров и да учествува на Самитот на лидерите на Комонвелтот на независни држави, кој обединува неколку поранешни советски републики, утре. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан