• недела, 24 ноември 2024

Путин потпиша указ за формирање на Поморски колегиум на Руската Федерација

Путин потпиша указ за формирање на Поморски колегиум на Руската Федерација

Москва, 13 август 2024 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за формирање на Поморски колегиум на Руската Федерација, кој ќе биде предводен од помошникот на претседателот на Русија, Николај Патрушев, објавено е денеска на веб-страницата за правни информации.

Путин истакна дека колегиумот ќе формира совети за стратешки развој на Воената морнарица, за заштита на националните интереси на Руската Федерација на Арктикот, како и за развој и поддршка на поморските активности на Русија. Со истиот указ се укинува меѓуресорната комисија на Советот за безбедност на Русија за прашања поврзани со обезбедувањето на националните интереси на Руската Федерација на Арктикот.

Патрушев, кој е 73-годишен поранешен шеф на Федералната служба за безбедност на Русија, надгледува прашања поврзани со националната поморска политика. Кон крајот на јули, тој изјави дека, со цел да се зголеми координацијата на активностите на државните органи во спроведувањето на националната поморска политика и обезбедувањето на заштита на руските национални интереси, Путин одлучил да го формира Поморскиот колегиум на Руската Федерација.

Путин исто така денеска одобри правилник за Кабинетот на претседателот на Руската Федерација за национална поморска политика. Според правилникот, ова одделение ќе обезбедува информативно-аналитичка поддршка за работата на Поморскиот одбор на Руската Федерација. ссм/

фото: архива

Остани поврзан