• сабота, 28 декември 2024

Путин одобри употреба на дигитални финансиски средства во меѓународните плаќања

Путин одобри употреба на дигитални финансиски средства во меѓународните плаќања

Москва, 11 март 2024 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин одобри декрет со кој се дозволува користење на дигитални финансиски средства во меѓународните плаќања.

Според декретот потпишан од Путин, дигиталните финансиски средства може да се користат како платежно средство за увоз и извоз на стоки и услуги во рамки на законот за регулирање на валутата.

Претходно, мерката ја најави Анатолиј Аксаков, претседател на Комитетот за финансиски пазари на Руската Државна Дума.

- На руските увозници и извозници ќе им биде дозволено да го заобиколат банкарскиот систем и да склучуваат меѓусебни договори со странски компании користејќи дигитални финансиски средства. Надворешните влијанија, вклучително и непријателските држави, ќе бидат минимизирани, посочи Аксасов во изјавата дадена на 27 февруари.

Проблемите со кои се соочуваат руските банки со меѓународните плаќања, кои беа отстранети од системот за размена на финансиски пораки SWIFT во 2022 година како дел од санкциите, неодамна се зголемија. ссм/

фото: архива

Остани поврзан