• четврток, 26 декември 2024

Путин не добил покана да учествува на одбележувањето 75 години од ослободувањето на Аушвиц

Путин не добил покана да учествува на одбележувањето 75 години од ослободувањето на Аушвиц
Москва, 27 јануари 2020 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин не добил покана да учествува на одбележувањето 75 години од ослободувањето на нацистичкиот концентрационен логор Аушвиц-Биркенау, изјави денеска портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков. - Не, Владимир Путин не е поканет, им изјави Песков на новинарите не изнесувајќи повеќе детали. Тој потсети дека Русија ќе ја претставува амбасадорот на земјата во Полска. Денешната комеморација ќе биде одржана на територијата на некогашниот концентрационен логор во кој нацистите убија околу 1,3 милиони луѓе, меѓу кои повеќе од милион Евреи, а кој на 27 јануари 1945 година го ослободи руската Црвена армија. На комеморацијата ќе присуствуваат претставници на 54 држави во светот, вклучувајќи повеќе претседатели, премиери, претседатели на парламенти, министри, меѓународни организации, како и околу 200 преживеани. јт/

Тагови

Остани поврзан