• вторник, 30 јули 2024

Путин наложи следната недела да почне масовна вакцинација против Ковид-19 во Русија

Путин наложи следната недела да почне масовна вакцинација против Ковид-19 во Русија
Москва, 13 јануари 2021 (МИА) - Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска наложи масовна вакцинација на населението против Ковид-19, истакнувајќи оти руската вакцина е „најдобра“ во светот. - Ве молам од следната недела да почнете масовна вакцинација на целокупното население и да направите соодветен распоред на работа, како што правиме и со другите болести, на пример со грипот, посочи Путин. Тој истакна дека „руската вакцина е најдобра во светот“. Путин посочи и дека е надминат обемот на производство на вакцината Спутник V и оти треба да се премине на масовна вакцинација. ми/

Остани поврзан