• среда, 25 декември 2024

Путин му подари хеликоптер на претседателот на Зимбабве

Путин му подари хеликоптер на претседателот на Зимбабве

Хараре, 27 јули 2023 (МИА) – Рускиот претседател Владимир Путин му подари хеликоптер на претседателот на Зимбабве, соопшти денеска владата на земјата.

Претседателот на Зимбабве Емерсон Мнангагва е меѓу африканските лидери кои учествуваат на дводневниот самит Русија-Африка.

- Неговата екселенција, претседателот Путин му подари претседателски хеликоптер на неговата екселенција, претседателот Емерсон Дамбуџо Мнангагва, напиша Министерството за информации на Зимбабве на социјалните мрежи покрај фотографии на претседателот Мнангагва како се спушта по скалите на леталото и седи во кабината.

- Оваа птица наскоро ќе биде на нашето небо, додаде владиниот портпарол преку Твитер.

Лидерите на Зимбабве се под американски и европски санкции поради корупција и кршење на човековите права.

Мнангагва (80), кој бара реизбор на изборите следниот месец, долго време ги припишува економските проблеми на земјата на санкциите. Според аналитичарите, изборите ќе бидат многу тресни.

- Жртвите на санкциите треба да соработуваат, рече Мнангагва, стоејќи пред хеликоптерот во видеото објавено од неговото министерство за информации.

Путин денеска го наведе Зимбабве меѓу шесте африкански земји кои ќе добијат бесплатно жито од Русија, откако Кремљ се повлече од договорот со кој се дозволува украинско жито да се извезува преку Црното Море. јт/

Фото: Министерство за информации на Зимбабве

Остани поврзан