• сабота, 28 декември 2024

Путин му даде руско државјанство на Сноуден

Путин му даде руско државјанство на Сноуден
Москва, 26 септември 2022 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин му даде руско државјанство на Едвард Сноуден, јавија дел од светските медиуми. Свиркачот е познат по објавувањето строго доверливи податоци од американската Национална безбедносна агенција во 2013 година, кога беше вработен таму. Властите со години сакаа Сноуден да се врати во САД со цел да се соочи со судење за обвиненијата за шпионажа. бд/паг/

Остани поврзан