• среда, 25 декември 2024

Путин го отвори состанокот на БРИКС во Казан во проширен формат

Путин го отвори состанокот на БРИКС во Казан во проширен формат

Казан, 24 октомври 2024 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин денеска ја отвори пленарната седница во рамките на самитот на БРИКС во Казан, што се одржува во проширен формат (БРИКС+).

Путин претседава со состанокот, чија работа е планирана во две фази - прво седница, а потоа и дискусија на присутните, пренесуваат руските медиуми.

-Овој пат Русија како претседавач ги покани најблиските соседи на Русија, пријателските земји со кои споделуваме заедничка животна историја, рече Путин на отворањето на состанокот.

На состанокот се поканети претставници на 36 земји, меѓу кои и шефовите на Заедницата на независни држави, Азија, Африка, Латинска Америка и шефови на меѓународни организации.

 Се очекува на седницата да зборуваат сите учесници, по што може ќе се одржи и дискусија.  Со пленарната сесија во формат БРИКС+ се заокружува програмата на самитот во Казан во мултилатерални формати.

На крајот од денешната средба Путин на прес конференција ќе треба да ги претстави резултатите од самитот, а потоа ќе има простор и за серија билатерални контакти на странските лидери.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан