• четврток, 26 декември 2024

Путин го обвини Западот за „експлозии“ што предизвикале истекување гас од „Северен поток“

Путин го обвини Западот за „експлозии“ што предизвикале истекување гас од „Северен поток“
Москва, 30 септември 2022 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин денеска го обвини Западот за организирање експлозии што резултирале со повеќекратно истекување гас од гасоводите „Северен поток“ од Русија до Европа. - Санкциите не се доволни за Западот, тие се префрлија на саботажа... со организирање експлозии на меѓународните гасоводи „Северен поток“ што минуваат по дното на Балтичкото Море, изјави Путин за време на церемонијата во Кремљ за анексија на четири региони на Украина. бд/зш/

Остани поврзан