• вторник, 12 ноември 2024

Путин го извести Лукашенко за разговорите со Меркел и Макрон

Путин го извести Лукашенко за разговорите со Меркел и Макрон
Минск, 18 август 2020 (МИА) - Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска го извести белорускиот претседател Александар Лукашенко за неговите разговори со германската канцеларка Ангела Меркел и со францускиот претседател Емануел Макрон за ситуацијата во Белорусија. Тоа е трет телефонски разговор Путин - Лукашенко за девет дена односно по претседателските избори во Белорусија. Путин за време на викендот го извести Лукашенко дека Русија е подготвена да помогне во решавање на проблемите врз основа на договорот за сојузништво помеѓу двете држави. Од 9 август, кога се одржаа претседателските избори, на кои победи Лукашенко во Белорсија се одржуваат протести. ми/

Остани поврзан