• недела, 24 ноември 2024

Путин во обраќањето пред пратениците ќе се осврне на зголемување на приходите

Путин во обраќањето пред пратениците ќе се осврне на зголемување на приходите
Москва, 4 јануари 2020 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин во своето обраќање пред Парламентот на 15 јануари најголемо внимание ќе посвети на прашањето за зголемување на приходите на руските граѓани, јави агенцијата ТАСС - Јас се подготвувам за говорот на 15 јануари, изјави Путин во интервју за агенцијата, без да каже детали за содржината на говорот, со образложение дека сè уште работи на тоа. Путин рече дека размислува за надминување на стагнацијата на приходите на граѓаните, намалување на бројот на луѓе кои живеат на минимална плата, како и за намалување на сиромаштијата. - Мора да се донесат одлуки за ова. Загрижени сме, јас сум многу загрижен поради стагнацијата на реалните приходи на граѓаните, истакна рускиот претседател. паг/

Остани поврзан