Путин вели дека Русија го зголемува производството на ракети „Орешник“
- Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија го зголемува производството на својата хиперсонична ракета со среден дострел „Орешник“, која за прв пат ја испали кон Украина во ноември минатата година.
Москва, 23 јуни 2025 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија го зголемува производството на својата хиперсонична ракета со среден дострел „Орешник“, која за прв пат ја испали кон Украина во ноември минатата година.
-Сериското производство на најновиот ракетен систем со среден дострел е во тек“, им рече Путин на дипломираните воени кадети.
Системот „се докажа многу добро во борбени услови“, додаде рускиот претседател во коментарите емитувани во живо на руската телевизија.
Русија првпат го употреби „Орешник“ против Украина на 21 ноември минатата година, кога Путин рече дека ракетата била испукана кон фабрика за одбрана во градот Дњепарк, објави Ројтерс. Тој рече дека го одобрил нападот како директен одговор на првата употреба на балистички ракети произведени во САД и крстосувачки ракети произведени во Велика Британија од страна на Украина за да ја нападне руската територија откако западните земји дадоа дозвола.
Путин потоа се закани со нови напади, вклучително и против „центрите за донесување одлуки“ во Киев, ако Украина продолжи да ја напаѓа Русија со западно оружје со долг дострел.
Ракетите со среден дострел имаат дострел до 5.500 километри, што би и овозможило на Русија да ги користи за напади врз каде било во Европа или западниот дел на САД. мс/
фото: Принтскрин