Пупаковски: И покрај корона-кризата успешно ја заокруживме сезоната во прескокнување пречки
- Со одржување на четвртото коло, Коњичката федерација на Македонија викендот ја комплетира сезоната 2020 во прескокнување пречки. Техничкиот секретар Љупчо Пупаковски е задоволен од начинот на
![Пупаковски: И покрај корона-кризата успешно ја заокруживме сезоната во прескокнување пречки](https://new.mia.mk/index.php/images/20221104222421_big_730x400_33.webp )
Скопје, 13 октомври 2020 (МИА) – Со одржување на четвртото коло, Коњичката федерација на Македонија викендот ја комплетира сезоната 2020 во прескокнување пречки. Техничкиот секретар Љупчо Пупаковски е задоволен од начинот на кој се одвиваа четирите кола во државното првенство и покрај предизвикот што го донесе пандемијата.
- Како и сите спортови, се соочивме со ситуацијата со коронавирусот. Тоа ни ја отежна работата околу организацијата, но сепак успеавме како федерација да организираме четири кола од Државното првенство во трите категории – деца, јуниори и сениори и во четири класи – А, Б, Ц и Д. Натпреварите поминаа во најдобар ред, а најдобрите заслужено ги добија своите одличја. Ќе се потрудиме следната сезона да биде уште подобра, изјави Пупаковски.ќ
Во 4-коло победници беа:
Класа Д (висина на пречките 0,95 метри): Елена Димитријова со грлото Прешес од КК.Анималс
Класа Ц (висина на пречките 1 метар): Ева Димитриевска со грлото Ерос од КК.Бравадос
Класа Б (висина на пречките 1,1 метар): Леонида Гроздановска со грлото Делано Лева од КК.Анималс
Класа А (висина на пречките 1,2 метра): Дарио Гроздановски со грлото Силвано од КК.Анималс.
Генерален пласман – победници по класи:
Класа Д: Елена Димитријова со грлото Прешес од КК.Анималс
Класа Ц: Меланија Атанасовска со грлото Калатус од КК.Процес
Класа Б: Дарио Гроздановски со грлото Силвано од КК.Анималс
Класа А: Дарио Гроздановски со грлото Силвано од КК.Анималс.
Генерален пласман – победници по категории:
Категорија деца: Ева Димитриевска со грлото Ерос КК.Бравадос
Категорија јуниори: Леонида Гроздановска со грлото Делано Лева од КК.Анималс
Категорија сениори: Дарио Гроздановски со грлото Силвано од КК.Анималс. зс/
![](/articles/images/pupakovski-i-pokra-korona-krizata-uspeshno-a-zaokruzhivme-sezonata-vo-/091isvDLi/placeholder.webp?use_watermark=0)
![](/articles/images/pupakovski-i-pokra-korona-krizata-uspeshno-a-zaokruzhivme-sezonata-vo-/5iJT5xK1R/placeholder.webp?use_watermark=0)