• вторник, 24 декември 2024

Птичји грип откриен во југоисточниот и северниот дел на Унгарија

Птичји грип откриен во југоисточниот и северниот дел на Унгарија

Ѓула, 7 март 2023 (МИА) - Птичји грип повторно е откриен на фарма за гуски во округот Бекеш, на југоистокот од Унгарија, соопшти денеска Управата за безбедност на храната на таа земја.

Констатирано е дека оваа болест е регистрирана и кај птици во заробеништво во областа Комаром - Естергом на северот од земјата, пренесе МТИ.

Верзијата на птичјиот грип Х5Н1 е дијагностицирана на фарма во која се чуваат 7.400 гуски во Бекеш, а убивањето на животните е веќе започнато, соопшти Управата.

Истото ги чека и болните птици во областа Комаром-Естергом.

Претходно денеска Светската организација за здравје на животните објави дека Франција пријавила појава на високопатоген птичји грип меѓу црвените лисици североисточно од Париз. рп/

Остани поврзан