• петок, 27 декември 2024

Психолог: Не е препорачливо за 11-годишно дете да спие в кревет со мајката

Психолог: Не е препорачливо за 11-годишно дете да спие в кревет со мајката

Лос Анџелес, 25 јули 2022 (МИА) - Глумицата Алиша Силверстоун се најде на удар на критиките од јавноста, бидејќи пред извесно време призна дека го дели креветот со својот 11-годишен син затоа што, според наводите - таа е грижлива мајка и сака така да му ја покаже мајчинската љубов. Се јавија и стручњаци кои не би се согласиле со сѐ тоа.

И психологот Рина Б. Пател отворено ја критикуваше глумицата како мајка. - Кога детето почнува да ја преиспитува разликата меѓу половите, ќе влезе во пубертет и / или ќе почне да пројавува непријатност - тогаш родителите треба да престанат да го делат креветот со него. Ова може да се случи уште на петгодишна возраст кај детето, ​​изјави Пател. Таа верува дека таквата приврзаност за детето може да доведе до намалена слобода која детето треба да ја истражува, може да го ограничи развојот на независните способности и да доведе до предизвици и прблеми во меѓусебните односи. - Кога детето ќе прооди, тоа треба да почне и да спие самостојно. Во спротивно, воспитувањето може да предизвика проблеми со границите, па дури и кај самата мајка, или нејзиниот љубовен живот, бидејќи таа нема доволно време за себе. Верувам дека премногу приврзаното родителство, исто така, ќе предизвика проблеми и во иднина, т.е. тоа може да доведе и до врсничко насилство, истакна д-р Пател. Глумицата, инаку, со години зборува за нејзините „алтернативни“ родителски начини на воспитување. Таа го учи својот син да биде веган, и, како што вели - дури и се капе со него.  си/

Остани поврзан