• сабота, 27 јули 2024

ПСЖ ќе се раздели со Нејмар доколку дојде Зидан

ПСЖ ќе се раздели со Нејмар доколку дојде Зидан

Париз, 4 април 2023 (МИА) - Францускиот фудбалски стручњак Зинедин Зидан може да го води Пари Сен-Жермен.

 

„Мундо Депортиво“ тврди дека 50-годишниот Французин има намера да се врати на тренерската работа. Покрај можното враќање во Реал Мадрид, Зидан би можел да го предводи и ПСЖ. Во овој случај парискиот клуб ќе го напушти Нејмар.

 

Зидан претходно беше во комбинација за селекторската позиција во француската репрезентација, но раководството на тамошната федерација реши да го продолжи договорот со Дидие Дешам.

 

Инаку, ПСЖ сезонава повторно „киксна“ во Лигата на шампионите, а не блеска ниту во француското првенство, па иднината на сегашниот тренер Кристоф Галтие е неизвесна. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан