• петок, 27 декември 2024

ПСЖ се надева дека Мбапе ќе се откаже од дел од бонусот за потпис со Реал Мадрид во корист на парискиот клуб

ПСЖ се надева дека Мбапе ќе се откаже од дел од бонусот за потпис со Реал Мадрид во корист на парискиот клуб

Париз, 4 март 2024 (МИА) - Раководството на Пари Сен-Жермен се помири со фактот дека напаѓачот Килијан Мбапе ќе го напушти тимот како слободен играч претстојното лето. Сепак, клубот се надева на некаква финансиска компензација, пренесува „L'Equipe“.

Според францускиот спортски весник, ПСЖ чека финансиска поддршка од претставниците на фудбалерот. Претходно пишуваа дека Мбапе ќе одбие бонус за лојалност од 80 милиони евра во корист на парижаните.

Медиумите пренесуваат дека преговорите меѓу Французинот и Реал Мадрид се во тек.

Оваа сезона Мбапе учествуваше на 33 натпревари во сите натпреварувања, постигна 32 гола и беше творец на седум асистенции. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан