• недела, 24 ноември 2024

ПСЖ сè уште заинтересиран за Френки де Јонг

ПСЖ сè уште заинтересиран за Френки де Јонг

 

Мадрид, 4 април 2024 (МИА) – Француски Пари Сен Жермен продолжува да покажува интерес за холандскиот репрезентативец и член на Барселона, Френки де Јонг, објави синоќа шпанскиот весник „Спорт“.

Дваесетишестгодишниот холандски играч од средниот ред, заедно со уругвајскиот дефанзивец Роналд Араухо, е меѓу играчите наведени за потенцијална продажба.

Ова не е прв пат Де Јонг да се поврзува со трансфер во Пари Сен Жермен, па дури се споменува цифрата од 60 милиони евра што клубот е подготвен да ја потроши за потписот на Холанѓанецот.

Сепак, самиот фудбалер останува цврст во намерата да остане во Барселона. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан