• среда, 13 ноември 2024

ПСЖ планира да се раздели со седум играчи во летниот преоден рок

ПСЖ планира да се раздели со седум играчи во летниот преоден рок

Париз, 17 април 2023 (МИА) – Спортскиот директор на Пари Сен-жермен, Луис Кампос, изјави дека раководството на тимот нема да толерира играчи кои не ги оправдуваат очекувањата.

 

Според „Le Parisien“ парижаните ќе стават на трансфер седум играчи и нема да го обноват договорот со нив. Меѓу играчите се играчите од средниот ред Витиња, Ренато Санчес, Фабијан Руиз и Карлос Солер, дефанзивците Хуан Бернат и Серхио Рамос, како и напаѓачот Хуго Екитике.

 

Пари Сен-Жермен е прв на табелата во француската Лига 1 со 72 бода од 31 натпревар. зс/

 

Фото: ЕПА

 

Остани поврзан