• недела, 24 ноември 2024

ПСЖ на лето ќе се обиде да го привлече Де Јонг

ПСЖ на лето ќе се обиде да го привлече Де Јонг

Париз, 17 февруари 2024 (МИА) - Играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг е трансфер цел на ПСЖ, пренесе „Диарио Спорт“. Парижаните гледаат на Холанѓанецот како една од опциите за обнова на тимот по заминувањето на напаѓачот Килијан Мбапе.

Тотенхем понуди 60 милиони евра за 26-годишниот Де Јонг.

„Мундо Депортиво“ објави пак дека Каталонците планираат да добијат 100 милиони евра за играчот од средниот ред.

Холанѓанецот игра за Барселона од 2019 година. Неговиот договор со клубот е до летото 2026 година.

Оваа сезона Де Јонг одигра 22 натпревари во сите натпреварувања и постигна 1 гол.дс

Фото: Архива

Остани поврзан