• вторник, 12 ноември 2024

ПСЖ и Барселона одбија да комуницираат со ТВ канал поради навредлив коментар за Јамал

ПСЖ и Барселона одбија да комуницираат со ТВ канал поради навредлив коментар за Јамал

Париз, 11 април 2024 (МИА) - ПСЖ и Барселона решија да не даваат интервју за шпанскиот ТВ канал „Мовистар“ поради навредлива фраза упатена до каталонскиот крилен напаѓач Ламин Јамал. 

Автор на несреќната шега беше експертот на каналот и поранешен помошник на Диего Симеоне во Атлетико Мадрид, Герман Бургос. Тој рече дека 16-годишниот Шпанец може да заработи дополнителни пари како уличен жонглер доколку неговата кариера не успее. 

- Ако не успее во фудбалот, ќе заврши на семафор, рече Бургос, додека Јамал во позадина жоглираше.

Во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите, шпанскиот клуб победи во Париз со резултат 3:2.

Јамал оваа сезона одигра 41 натпревар за Барса, постигна шест гола и креира седум асистенции. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан