• недела, 17 ноември 2024

ПСЖ и Баерн се пласираа во четвртфиналето од Лигата на шампионите

ПСЖ и Баерн се пласираа во четвртфиналето од Лигата на шампионите

Минхен, 5 март 2024 (МИА) -Килијан Мбапе одигра уште еден феноменален натпревар со тимот на ПСЖ и го однесе францускиот гигант во четвртфиналето од Лигата на шампионите. 

Дваесет и пет-годишната француска суперѕвезда, која се очекува да му се приклучи на Реал Мадрид од лето, донесе победа со 2:1 во реваншот против Реал Сосиедад во Сан Себастијан. 

Така парижаните го продолжуваат походот на најкомерцијалниот клупски турнир по вкупен резултат 4:1, при што Мбапе постигна 3 од погодоците за нив на двата меча.

Баерн Минхен пак му покажа на Лацио кој е кој во Европа, победувајќи го со 3:0 во реваншот на „Алијанц Арената“. Така Баварците продолжуваат во четвртфиналето на Лигата на шампионите со вкупен резултат 3:1 од двата меча.

Избраниците на Томас Тухел одиграа квалитетно прво полувреме и дури можеа да жалат што поведоа само со головите на Хари Кејн (39. минута). и Томас Мулер (секунди пред паузата). 16:3 во удари кон голот (4:0 прецизни) и 59 отсто посед во корист на Баварците во првите 45 минути, беше статистичкиот доказ за јасната германска надмоќ.

На средината од вториот дел, Хари Кејн го постигна својот втор гол на натпреварот откако упати успешен удар од непосредна близина.

Ништо посериозно не се случи до крајот, па така, колосот од Минхен повторно се најде меѓу осумте најдобри екипи на Стариот континент. дс

Фото: УЕФА

Остани поврзан