• вторник, 24 декември 2024

ПСЖ за три минути до полуфиналето

ПСЖ за три минути до полуфиналето
Париз, 12 август 2020 (МИА) - ПСЖ го скрши проклетството и конечно се квалификуваше во полуфиналето на Лигата на шампионите. Со два гола по 90-тата минута, парижаните ја совладаа Аталанта со 2:1 и ќе ја паметат незаборавната вечер во Лисабон и „Естадио Да Луж“. Италијанците одиграа одличен натпревар и водеа до 90-тата минута. Марио Пашалиќ им донесе предност на избраниците на Џанпјеро Гасперини во 27 минута, а потоа имаа и неколку поповолни позиции да удвојат. Во исто време, парижаните беа далеку од висината на задачата, а Нејмар направи еден невиден пропуст. Сепак, токму Бразилецот асистираше за израмнувачкиот гол на Маркињос во 90-тата минута, а во 93-тата го започна нападот за голот постигнат од резервата Максим Чупо-Мотинг. Така, екипата на Томас Тухел ги надмина тешкотиите и ќе игра полуфинале во ЛШ, по несреќните елиминации во четвртфиналето во претходните сезони. Таму Французите ќе се соочат со победникот од дуелот меѓу Атлетико Мадрид и Лајпциг. ПСЖ последен пат стигна до полуфиналето на турнирот во 1995 година. За Аталанта останува утеха што стигнаа до осумте најдобри екипи во своето деби учество во ЛШ.

Тагови

Остани поврзан