• среда, 25 декември 2024

Прскање против комарци во Општина Охрид и на крајбрежјето на Охридското Езеро

Прскање против комарци во Општина Охрид и на крајбрежјето на Охридското Езеро

Охрид, 16 јули 2020 (МИА) - Екипи на Центарот за јавно здравје од Охрид викендов ќе спроведат земјено запрашување против комарци во градот и долж крајбрежјeто на Охридското Езеро.

Станува збор за превентивна систематска дезинсекција на територијата на општината како општа противепидемиска мерка. Запрашувањето ќе се врши на 18, 19 и 20 јули во периодот од 22 часот до 6 часот наутро, на т.н. „теристички“ начин односно од земја, со поебни апарати за УЛВ ладно запрашување.

Со дезинсекцијата ќе биде опфатено крајбрежејто на езерото на потег од селото Подмоље до комплексот Свети Наум, потоа територијата на град Охрид, како и долж течението на реките Грашница и Коселска Река.

Заради активностите на терен се извесуваат пчеларите и пчеларските задруги да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите.

Во случај на неповолни временски услови дезинсекцијата ќе биде одложена за наредниот поволен ден. аб/сп/

Остани поврзан