• понеделник, 23 декември 2024

Пројковска дел од судискиот тим на Европското женско фудбалско првенство

Пројковска дел од судискиот тим на Европското женско фудбалско првенство
Нион, 20 април 20222 (МИА) – Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) ја вклучи Ивана Пројковска меѓу 39-те судии за Европското првенство во женска конкуренција, чиј домаќин во јули ќе биде Англија. За најдобрата македонска судијка ова е уште едно признание од УЕФА, откако во 2019 година Пројковска го судеше финалето на Европското првенство до 19 години, во кое Франција ја совлада Германија. На претстојното Европско првенство во Англија за првпат во историјата на континенталните собири, меѓу 12-те главни судијки, е назначена и арбитер надвор од Европа, Емикар Калдерас Барера од Венецуела. ег/вј/

Остани поврзан