• недела, 24 ноември 2024

Проштална средба на министерот Мисајловски со кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо

Проштална средба на министерот Мисајловски со кинескиот амбасадор Џанг Ѕуо

Sкопје, 24 јули 2024 (МИА) - Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска имал проштална средба со амбасадорот на НР Кина,  Џанг Ѕуо, на која присуствувал и одбранбено аташе, полковникот Зу Нинг.

Министерот Мисајловски, како што соопшти Министерството за одбрана, упатил благодарност до амбасадорот Ѕуо, за неговиот активен придонес за одржување на добрите односи меѓу двете земји за време на неговиот мандат и му посака успех на новата должност. дма/ац/

Фото: Министерството за одбрана

Остани поврзан