• среда, 25 декември 2024

Проштална средба на вицепремиерот Димитров со австралиската амбасадорка Стјуарт

Проштална средба на вицепремиерот Димитров со австралиската амбасадорка Стјуарт
Скопје, 2 јуни 2021 (МИА) - Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска имаше средба со нерезидентната амбасадорка на Австралија во Северна Македонија, Рут Стјуарт. Како што соопштија денеска од СЕП, Вицепремиерот Димитров ѝ се заблагодарил на австралиската амбасадорка во заминување за нејзината принципиелна и посветена работа во насока на промовирање и збогатување на пријателството и соработката меѓу Северна Македонија и Австралија и нивните народи, грижата за македонската дијаспора таму, како и придонесот за развој на споделените вредности. - Демократските вредности и стремежи кон еднаквост, слобода и достоинство кои што ги делиме на билатерален план, нѐ сплотуваат и создаваат општествена поврзаност меѓу нас. Австралија е најуспешниот пример за мултикултурализам и промовирање на концептот на праведна шанса без оглед на културолошкото и јазично потекло, каде различностите се слават како најголеми придобивки. Нашата Македонија иако мала, отсекогаш била доволно голема за да ги обедини и да ги акомодира различностите и има заслужено место во европското семејство. Горди сме што нашата посветеност за негување на добри односи, градење внатрешна кохезија и владеење на правото, се препознаени не само регионално и во Европа, туку и на другите континенти, стои во соопштението од СЕП. Амбасадорката Стјуард елаборирајќи ги постигнувањата за време на нејзиниот мандат, ги истакнала одлучните и зрели чекори на Северна Македонија за постигнување напредок во евроинтегративниот процес, како и подобрување на животот на македонските граѓани. - Зајакнувањето на демократските институции и реформскиот процес во клучните области како што се владеењето на правото и борбата против корупција, се во насока на обезбедување стабилност, просперитет и благосостојба на државата и регионот, но се многу важни и за привлекување на интересот на австралиските компании за инвестирање во Северна Македонија и унапредување на билатералната и мултилатерална политичка, економска и културна соработка, рекла Амбасадорката Стјуард. На средбата биле разменети мислења и за актуелните меѓународни случувања и напорите за надминување на пандемијата од КОВИД-19. Биле разгледани и можностите за интензивирање на односите во областите од заемен интерес што можат уште повеќе да ги доближат двете земји. цр/са/  

Остани поврзан