• четврток, 26 декември 2024

Прошталната церемонија за Марадона ќе се одржи во претседателската палата и ќе трае 48 часа, се очекуваат милион посетители

Прошталната церемонија за Марадона ќе се одржи во претседателската палата и ќе трае 48 часа, се очекуваат милион посетители
Буенос Аирес, 26 ноември 2020 (МИА) - Церемонијата на збогување со починатиот поранешен аргентински репрезентативец Диего Марадона ќе се одржи во „Каса Росада“, официјалната резиденција на аргентинскиот претседател. Настанот ќе трае 48 часа. Се очекува околу еден милион луѓе да присуствуваат на церемонијата. Марадона во својата кариера беше дел од Бока јуниорс (1981 - 1982, 1995 - 1997), Барселона (1982 - 1984) и Наполи (1984 - 1991). Тој исто така беше селектор на репрезентацијата на Аргентина од 2008 до 2010 година. Во 1986 година, играјќи за националниот тим, Марадона го освои Светското првенство што се одржа во Мексико. Тој беше избран за најдобар играч на тој турнир. Ќе остане запаметен и по „Божјата рака“ од дуелот со Англија (2:1) кога постигна гол со рака во четвртфиналето на СП 1986 година. Марадона исто така го освои италијанскиот шампион двапати со Наполи. зс/

Остани поврзан