• среда, 20 ноември 2024

Процесот за импичмент на Трамп ќе продолжи на 9 февруари

Процесот за импичмент на Трамп ќе продолжи на 9 февруари
Вашингтон, 26 јануари 2021 (МИА) - Американскиот Сенат денеска усвои резолуција за правилата за прелиминарните процедури за импичмент на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, при што обвинителството и одбраната ќе ги изнесат своите аргументи во писмена форма. Самиот процес против Трамп ќе продолжи на 9 февруари. Осумдесет и тројца сенатори гласаа за резолуцијата, а 17 се изјаснија против. Седницата на Горниот дом на законодавниот дом на земјата беше пренесуван во живо од американските телевизиски куќи. гт/

Остани поврзан