• понеделник, 28 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Процедурите за 1.200 вработувања во здравството и за набавка на инсулин се во тек

Процедурите за 1.200 вработувања во здравството и за набавка на инсулин се во тек

Скопје, 3 април 2025 (МИА) - Министерот за здравство Арбен Таравари изјави дека во тек се процедурите за 1.200 вработувања во здравството и за набавката на инсулин.

Одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција во Влада, тој рече дека процедурата за 1.200 вработени во здравството тече, а некои болници веќе објавиле огласи.

Прашан за недостиг од инсулинска терапија, Таравари рече дека во тек е и процедурата за набавка на инсулин.

- Во тек е процедурата за набавка на инсулин. Не дека недостасува насекаде, во одредени места недостасува. Но, генерално во целата територија, го има инсулинот. Се надевам дека многу бргу ќе кажеме и кој е добавувачот и набавката ќе заврши. Меѓутоа, не е дека секаде нема. Некаде недостасува, рече министерот.

Тој денеска одби да одговори на политички прашања. бд/са/

Фото и видео: Влада

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан