• четврток, 26 декември 2024

Проф. Сакс го поддржува влегувањето на Бугарија во еврозоната

Проф. Сакс го поддржува влегувањето на Бугарија во еврозоната
Софија, 13 ноември 2021 (МИА) - Познатиот американски економист проф. Џефри Сакс ја поддржува желбата на Бугарија да стане дел од еврозоната, јави дописникот на МИА од Софија. Сакс за ТВ Нова истакна дека го поддржува Европскиот зелен договор и финансирањето за реконструкција и одржливост како начин да и помогне на цела Европа, вклучително и на Бугарија. - Би било добро Бугарија да стане дел од еврозоната и добро е Европа да продолжи да ја шири улогата на еврото, но бугарските власти треба знаат дека да се има заедничка валута не е лесна задача, но голема предност за Европа, доколку правилно се управува, истакна Сакс. Според него потребно е поголемо финансирање во цела Европа, во европските институции, како и во Европската инвестициска банка и централниот буџет на Европска Унија. Проф. Сакс беше советник на бугарскиот претседател Петар Стојанов во периодот 1997-1998 година, кога во Бугарија имаше хиперинфлација по владеењето на левичарскиот премиер Жан Виденов. нк/ми/

Остани поврзан