• четврток, 26 декември 2024

Проф. д-р Докиќ: Демантирам дека сум автор на текстот кој се шири на социјалните мрежи, сторителите да бидат објавени

Проф. д-р Докиќ: Демантирам дека сум автор на текстот кој се шири на социјалните мрежи, сторителите да бидат објавени
Скопје, 29 март 2021 (МИА) - Директорот на Клиниката за пулмологија, проф. д-р Дејан Докиќ демантира дека е автор на текстот, кој се споделува на социјалните мрежи, а во кој наводно тој кажува став за состојбата со коронавирусот во земјава. Тој соопшти дека делото го пријавил во полиција и побара сторителите да бидат јавно објавени за да се спречи таквата злоупотреба во иднина, која има за цел да шири паника во јавноста и да внесе сомнеж врз нашиот здравствен систем. -Категорично ги демантирам наводите во тој текст и изјавувам дека јас тој текст не сум го напишал, ниту пак стојам зад неговата содржина. Овој текст веројатно е напишан, преку злоупотребата на моето име, да се шири паника во јавноста и да се поткопа довербата на граѓаните во јавното здравство. Има доволно сместувачки капацитети за сите оние на кои им треба хоспитализација. Ги уверувам граѓаните дека ние пациентите ги лекуваме според протоколи, кои се преземени од САД и западноевропските држави, потенцира проф. д-р Докиќ. Тој нагласи дека Министерството за здравство направило напори да го набави сите лекови спомнати во протоколите, да набави опрема, концентратори, да нема ниту едно легло без довод на кислород, монитори, ЕКГ апарати и се она што е потребно за лекување на ковид-пациенти. -Во ковид-центарот на Интерни клиники, се излекувани голем број пациенти. Според нашите статистички податоци, нашата смртност е околу 25 проценти на 1200 пациенти лекувани таму. Кај европските ковид-болници смртноста е од 22 до 30 проценти. Како што гледате, ние го имаме тој просек којшто го имаат и високо развиените западни земји. Ние добро се справуваме со оваа криза, смета проф. д-р Докиќ. ир/ац/

Остани поврзан