• среда, 25 декември 2024

Професор Ѓорчев донира 12 уметнички дела на две јавни здравствени установи во Велес

Професор Ѓорчев донира 12 уметнички дела на две јавни здравствени установи во Велес

Велес, 9 април 2024 (МИА) - Вкупно 12 уметнички дела од проф. д-р Јордан Ѓорчев од изложбата „Храбриот нов свет“, со 30 уметнички слики изложена во ликовниот салон во Велес, авторот попладнево им донира на двете јавни здравствени установи. Шест слики во техника масло на платно ќе го разубавуваат внатрешниот изглед на ЈЗУ Општа болница Велес и исто толку во Специјализирана болница за белодробни заболувања „Јасеново“ кај Извор.

За идејата да им подари свои слики проф. д-р Јордан Ѓорчев изјави дека се решил на ваков потег поради големиот интерес на јавноста и на велешани за изложбата и сакал нешто да им поклони па одлучи тоа да биде за пациентите на лекување во овие болници. Тој потенцира дека воедно оваа е благодарност за бројни пациенти од Свети Николе и регионот кои успешно се лекувале во велешките болници.

- Воедно и јас како граѓанин сум презадоволен од услугите на овие две јавни здравствени установи и затоа решив да им донирам уметнички дела, појасни Ѓорчев.

Професорот им даде можност на директорите сами да си ги одберат делата кои се во различни димензии, а кои в четврток ќе бидат пренесени и закачени на ѕидовите на овие две болници. ад/ир


Фото: МИА

 

Остани поврзан