• петок, 27 декември 2024

Професори од Куманово ќе обучуваат колеги од Шпанија за Еразмус програмата

Професори од Куманово ќе обучуваат колеги од Шпанија за Еразмус програмата

Куманово, 18 септември 2023 (МИА) - Професорите од кумановското основно училиште „Кочо Рацин“ ќе ги обучуваат колегите од училиштето IES Camp de Turia од Lliria, Валенсија, Шпанија како да ја користат Еразмус програмата, информираа денеска надлежните.

ОУ „Кочо Рацин“ веќе пет години активно е вклучено во Еразмус програмата и искуствата ги пренесува на професорите од шпанското училиште во рамките на „Job shadowing“ соработката од училиштето домаќин.

-Професорите и учениците ќе можат да ги пренесат знаењата. Како еразмус координатор можам да кажам дека бројни се придобивките од темите, отворените прозорци кон Европа, нови стекнати знаења, нови пријателства кои се трајна придобивка, изјави Анита Димовска, професор од „Кочо Рацин“.

Хорхе Невадо Ллопис, професор од училиштето од Лирија, очекува да се стекне со нови знаења.

-Нашето училиште е ново во програмата, а домаќините веќе имаат претходно искуство. Една од целите е заеднички да работиме на нов проект, поврзан со новите технологии и нивното влијание во животот на младите и на менталното здравје, изјави Ллопес.

Денеска претседателката на Советот на општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска оствари работна средба со професорот и претставниците на општинското училиште.ам/цр

Фото:  Општина Куманово

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан