• сабота, 23 ноември 2024

Противпожарни возила и опрема ќе добијат 14 општини

Противпожарни возила и опрема ќе добијат 14 општини
Скопје, 30 септември 2022 (МИА) - Примопредавање на противпожарни возила и опрема за 14 општини ќе биде реализирано денеска во рамки на настанот под слоганот „Цивилната заштита помеѓу институциите и граѓаните“, во организација на Дирекцијата за заштита и спасување. На настанот ќе присуствуваат премиерот Димитар Ковачевски, првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Беким Максути. На паркингот во спротскиот центар „Борис Трајковски“ - Скопје граѓаните ќе можат одблиску да се запознаат со опремата за заштита и спасување на Дирекцијата за заштита и спасување и опремата на другите учесници на настанот. На агендата е и показнa вежба на компанијата Холматро, показна вежба на доброволното противпожарно друштво „Бајрам Мифтари“ – Чаир, како и показни вежби на доброволно противпожарно друштво „Св. Николе“ и на Црвениот Крст. Пред присутните ќе се обрати директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Беким Максути. цр/бак/

Остани поврзан