• четврток, 12 февруари 2026

Противпожарната во Неготино лани интервенирала во 129 случаи

Противпожарната во Неготино лани интервенирала во 129 случаи

Неготино, 11 февруари 2026 (МИА) - Противпожарната единица што гасне пожари во неготинска и демиркаписка општина, минатата година интервенирала во 129 случаи. Столе Атанасов, командир на неготинската територијална противпожарна единица, појасни за МИА дека се соочиле со 80 пожари на отворен простор.

- Интервениравме кај 12 куќи зафатени од пожар, 15 оџаци и 19 контејнери. Бевме повикани на интервенција и при две сообраќајки и 10 запалени возила, додаде Атанасов.

Тој апелираше на внимателност, со цел превенирање и заштита од пожари. Притоа подвлече дека во овој период од годината, кога е актуелно затоплувањето на просториите, населението особено треба да внимава околу грејните тела. свд/бд/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан