• вторник, 24 декември 2024

Протест со возила на ВМРО-ДПМНЕ во Велес

Протест со возила на ВМРО-ДПМНЕ во Велес

Велес, 2 декември 2020 (МИА) - ВМРО-ДПМНЕ во Велес вечерва организира мирен протест со возила, кој започна од кај Спомен костурницата на загинатите борци од НОВ, продолжи низ велешките улици, кружно кај споменикот на Панко Брашнаров па назад во центарот на градот кај споменикот на поетот и револуционер  Коста Солев Рацин.

На платото пред споменикот на присутните им се обрати Слободан Ников, историчар, кој посочи оти ние не можеме да живееме без историја и без минато, со тоа што само ќе гледаме напред кон некоја светла иднина која никако не можеме да ја видиме.

-Ни откинаа дел од античката историја се фалат секоја вечер дека веќе  се договориле за македонските ликови од средновеквието од Светите браќа Кирил и Методиј,од Климент и Наум, Цар Самоил и ред други.Тоа за нас Македонците е погубно бидејќи ја губиме средновековната историја. Се откажуваат од нашите преродбеници:од Шапкарев, од Пулевски, од Јордан Хаџи Константинов-Џинот, од Рајко Жинзифов,од нашите велешки преродбеници.На пат се да се откажат и од апостолот на нашата македонска револуционерна борба Гоце Делчев, потсети историчарот Слободан - Ников.

Тој запраша дали треба да го заборавиме стреланите на Пуста Кула, стреланите во Долно Јаболчиште наши браќа Албанци, Невена Георгиева - Дуња која биле убиена на 16 години, Маца Овчарова која била жива закопана и плејада борци..

-Замислите што ќе се случи со вашите деца и внуци,кога нема да ја знаат сопствената историја запраша историчарот Ников. Сакаат да ни ја одземат,културата,јазикот,да ни ја одземат нашата најубава македонска песна која е најубава на Балканот,но ние тоа не треба да го дозволиме туку треба да собереме сили и дадеме отпор бидејќи овие моменти се клучни за нас Македонците,бидејќи во овие критични моменти ние Македонците како што сме најзагрозени друг не е загрозен, рече Слободан - Ников.

Тој порача дека  ние како Македонци имеме своја историја и постоиме од век и векова и ќе постоиме за секогаш.

-Никој не  чепка по идентитетот на било која друга заедница во МакедонијаСамо ние Македонците сме само на удар и сакаат да не снема,,да не уништат и со потпис од наша страна тоа да биде направено.Затоа да не дозволиме тоа да ни биде направено, порача историчарот Слободан Ников.ад/бт/

 

Остани поврзан