• среда, 27 ноември 2024

Протест со автомобили на ВМРО - ДПМНЕ низ улиците во Струга

Протест со автомобили на ВМРО - ДПМНЕ низ улиците во Струга
Струга, 4 декември 2020 (МИА) – Со автомобили низ струшките улици општинската организација на опозициската ВМРО –ДПМНЕ го изрази својот револт од, како што велат, распродажбата на македонскиот идентитет. Пратеникот Јован Јаулески во своето обраќање пред присутните забележа дека, како што рече, Република Македонија, во моментот се наоѓа во најголема економска, здравствена и криза на национално предавство. - Република Македонија никогаш не била пообезличена. Големиот македонец Гоце Делчев рекол труд и постојанство. Вие сите присутни и сите луѓе во Република Македонија сте најпостојани во таа иницијатива да се избориме и да го зачуваме она што ни е најсвето, рече Јаулески. Покрај членовите и симпатизерите на ВМРО – ДПМНЕ, ги повика и останатите граѓани членови на други политички партии, но и неопределените наредните денови да излезат на протест и заеднички, како што подвлече, да се изборат да го спречат националното предавство што го подготвувал Зоран Заев. Протестот почна од паркингот кај хотел „Дрим“, се движеше низ улиците во Струга и заврши повторно од појдовната точка. сс/ев/

Остани поврзан