• среда, 25 декември 2024

Протест пред Берлинскиот слободен универзитет во знак на солидарност со Појасот Газа

Протест пред Берлинскиот слободен универзитет во знак на солидарност со Појасот Газа

Берлин, 7 мај 2024 (МИА) – Пропалестинските активисти денеска протестираа пред Берлинскиот слободен универзитет, апелирајќи на студентски отпор низ Германија во знак на солидарност со луѓето во Појасот Газа.

Според процените на портпаролката на Универзитетот во протестите учествувале од 80 до 100 луѓе.

Активистите на групата Студентска коалиција Берлин повикаа на запоседнување на германските универзитети и побараа крај на „колонијалното угнетување“.

Околу 150 активисти на 3 мај протестираа пред Универзитетот Хумболт во Берлин.

Повеќе од две недели на голем број универзитети во САД, во Велика Британија и други земји има протести против израелската офанзива врз Појасот Газа. ми/

фото: Икс

Остани поврзан