• среда, 25 декември 2024

Протест на млекопроизводителите пред институциите на ЕУ во Брисел

Протест на млекопроизводителите пред институциите на ЕУ во Брисел

Брисел, 27 мај 2024 (МИА) - Сточарите, млекопроизводители, одржаа протест пред институциите на Европската Унија во Брисел, барајќи повисоки цени за своите производи. Протестот, организиран од Европскиот одбор за млеко (ЕМБ), се одржа на Луксембуршкиот плоштад пред зградата на Европскиот парламент.

Демонстрантите поставија околу 20 пластични крави со натпис „правда за млекото“ во боите на различни европски држави, вклучувајќи ги Белгија, Франција и знамето на ЕУ. На протестот присуствуваа производители од Италија, Германија, Франција, Белгија, Литванија, Ирска и Данска.

Присутните носеа транспаренти со порака „Праведна заработувачка за земјоделците“ и донесоа големи бали сено пред Европскиот парламент. Тие бараат зголемување на цените на земјоделските производи поради растечките производствени трошоци. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан