• петок, 27 декември 2024

Протест на матични лекари во Прилеп

Протест на матични лекари во Прилеп

Прилеп, 29 мај 2024 (МИА) - Матични лекари денеска од пред подрачната единица на Фондот за здравствено осигурување во Прилеп, побараа да се укине квотата за издавање рецепти на пациентите за хроничната терапија. Тие велат дека казнети се од Фондот за здравство за нешто што совесно го работат.

На протестот беше кажано дека се изразува револт во име на колеги - матични лекари од Прилеп, Крушево и од Македонски Брод.

- Револтот е од казнената политика на Фондот за здравствено осигурување. Голем дел од колегите, околу половината се казнети со големи парични суми и тоа поради совесното работење, поради надминувањето на квотата препишани рецепти за хроничната месечна терапија на пациентите. Бараме веднаш промена на казнената политика на Фондот спрема матичните лекари, зашто не познавам некаде некој да биде казнет поради професионално извршување на својата работа, а треба да биде награден. Второто наше барање е покачување на капитациониот бод за да биде финансиски издржливо во месецот да си ја извршуваме нашата работа, изјави доктор Билјана Мирческа Гаврилоска, претседателка на Здружението на матични лекари за регионот - Прилеп, Крушево, Македонски Брод.

Во регионот околу 64 тима матични лекари им даваат здравствени услуги на преку 65.000 пациенти. ем/бд/

Фото: МИА

Остани поврзан