• петок, 27 декември 2024

Протест на жителите на охридското село Климештани против каменоломот во близина на селото

Протест на жителите на охридското село Климештани против каменоломот во близина на селото

Охрид, 26 ноември 2024 (МИА) – Жителите на селото Климештани, што се наоѓа 15-тина километри северно од Охрид, за в сабота 30 ноември најавија граѓански протест со блокада на каменоломот во непосредна близина на селото.

Според најавеното, тие ќе се соберат за на тој начин да го изразат своето незадоволство од начинот на кој се експлоатира ископот, со наводно непридржување на компанијата што стопанисува кон законските одредби.

Жителите на селото се револтирани што со копањето селото и нивните ниви се затрупани со прашина, а од минирањето во каменоломот се пореметува статиката на нивните објекти за домување. Истовремено предушредуваат дека им се уништуваат и насадите, а загрозено е и водоснабдиувањето.

„Немаме време да чекаме на милост или немилост од одговорните. Ги земаме работите во свои раце“, се наведува во повикот за најавениот протест на Климештанци. аб/цр

фото:МИА

 

Остани поврзан