• среда, 18 декември 2024

Протест на десницата во Белград против европскиот план за Косово

Протест на десницата во Белград против европскиот план за Косово

 

Белград, 17 март 2023 (МИА) – Повеќе илјада преставници на десничарските партии и движења се собраа вечерва на протест испред Храмот на Св.Сава во Белград, од каде се упатија кон седиштето на претседателот Алексадар Вучиќ. Протестот го организираа движењето Двери, Нова ДСС, ПОКС и Заветници против прифаќањето на европскиот план за нормализација на односите со Косово, под името „Србија памети, брани, не дава“, јави дописникот на МИА од Белград.

Граѓаните го носеа и повеќеметарското знаме на Србија, носеа запалени факели и скандираа „Косово, Србија“ и „Косово не го давеме“.

Протестот претставува, како што наведуваат организаторите, „надпартиско патриотско обединување“ на сите кои се против договорот на ЕУ за нормализација на односите меѓу Косово и Србија. Насобраните имаат три барања – да се отфрли европскиот план за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, Вучиќ да поднесе оставка и веднаш да се распишат избори.

Протестот се одржува пред најавеното заминување на српскиот претседател Александар Вучиќ во Охрид за да ги продолжи разговорите со косовскиот премиер Аљбин Курти.

об

Остани поврзан