• сабота, 28 декември 2024

Протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Владата (во живо)

Протест на ВМРО-ДПМНЕ пред Владата (во живо)
Скопје, 18 јуни 2022 (МИА) - Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечерва пред Владата одржува протест под мотото „Премногу е“ на кој се очекува да го испорача барањето за одржување на предвремени парламентарни избори. Одлуката за протестот ја донесе Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на 17-ти минатиот месец, упатувајќи критики до власта за неспособност за соочување со економската и финанансиската криза придружена со постојан пораст на цените и висок процент на инфлација, зголемување на јавниот долг, неефикасна и неодговорна дипломатија за формален почеток на пристапните преговори со ЕУ… Протестот започна со отворено студио пред Владата на кое се обратија партиски претставници кои изнесоа ставови за актуелните политички случувања, економијата, здравството, образованието.... Опозициската партија подолг период инсистира на одржување избори, а во Собранието спроведува и активна блокада на активностите. бак/вј/

Остани поврзан