• петок, 27 декември 2024

Протест во Варшава против руската инвазија на Украина

Протест во Варшава против руската инвазија на Украина
Варшава, 17 јули 2022 (МИА) - Речиси две илјади луѓе, Украинци и Полјаци, се собраа попладнево пред руската амбасада во Варшава на протест против руската инвазија на Украина. Носејќи жолто-сини украински знамиња и транспаренти на кои пишува „Терор Русија“, тие бараа на полски, украински и англиски јазик „агресорот да биде прогласен за терористичка држава“, како што често ја нарекува украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Доста е убивање!“, извикуваа тие, барајќи построги санкции против Кремљ и обвинувајќи ги неговите лидери дека сакаат да изгладнат многу земји со тоа што не дозволуваат извоз на жито од Украина. Украинскиот сликар Володимир Мељимука ја прикажа Русија како „матрошка земја“. Тој донесе руска кукла висока два метри и испишана со „пријателски“ зборови како „голема култура“, „балет“ и „ова е само Путин“, а кога ќе се отвора се покажува „црна внатрешност исполнета со ракети“. Руската амбасада, која е во близина на Министерството за одбрана и седиштето на полскиот премиер, е заштитена со висока ограда и голем број полицајци кои досега не мораа да интервенираат на бројните слични собири организирани по 24 февруари. Таблата „Слава на Украина“ испишана со големи жолти и сини букви со месеци стои на тротоарот спроти дипломатското претставништво. паг/  

Остани поврзан