• среда, 18 декември 2024

Протест пред руската амбасада во Софија

Протест пред руската амбасада во Софија
Софија, 10 октомври 2022 (МИА) - Пред руската амбасада во Бугарија се одржа протест во спомен на загинатите украински државјани во руската воена инвазија на Украина, јавува дописникот на МИА од Софија. Насобраните скандираа „Путин го*нар  (Путин-хујло, протестен слоган кој особено се прошири по руската инвазија)“ и „Смрт за Руската империја“ и „Русија надвор“. На протестот учествуваа бугарски и украински граѓани. Пред насобраните, резервниот полковник Диман Георгиев рече дека се срами од претседателот на Бугарија Румен Радев и актуелниот премиер на државата, кои не прават ништо за поддршка на напатената Украина. Познатиот бугарски јавен деец и новинар, Горан Благоев изјави дека Радев треба да биде свесен дека не се политичките партии кои сакаат да и пружат вооружена помош на Украина, тие кои ја втурнуваат Бугарија во војна, туку манипулаторите на Путин, дека камионот што го разнесе мостот на Крим тргнал од Бугарија. Според Горан Благоев, за жал, бугарските државници денеска молчат за невидената руска суровост и вандализам над Украина и колежот на мирното украинско население и уништувањето на цивилни објекти во повеќе градови во Украина. Благоев рече дека бугарските политичари молчат против обвинувањата на Владимир Путин за Бугарија. Според него, неговата земја долго време не се однесува како земја членка на НАТО, за разлика од Северна Македонија, која иако од неодамна е членка на Алијансата, покажува голема соработка и единство во однос на одлуките во врска со руската инвазија на Украина. Во твит, бугарското Министерство за надворешни работи остро ги осуди нападите на Русија врз украинските граѓани и цивилната инфраструктура и голем број градови и ги оцени овие акции како неприфатливи. нк/ссм/

Остани поврзан