• сабота, 28 декември 2024

Протести на бразилското автохтоно население

Протести на бразилското автохтоно население
Бразилија, 25 август 2021 (МИА) - Повеќе од 6.000 домородни Бразилци вчера протестираа пред Врховниот суд во Бразилија барајќи да не се одзема земјата на нивните предци и да се прогласи за заштитено подрачје. Демонстрантите со 380 светилки напишаа „Бразил, домородна земја“ Врховниот суд на Бразил денеска треба да донесе одлука за барањето на домицилното население. Според бразилскиот Устав од 1988 годинна домородните народи мора да докажат дека им е одземено земјиштето. Тие, исто така, демонстрираа пред Националниот конгрес, носејќи транспаренти на кои пишуваше „Болсонаро надвор“. Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро е поборник за економска експлоатација на регионот Амазон и во изборната кампања во 2018 година најави дека ниту педа нема да прогласи за заштитена област. ми/

Остани поврзан