• вторник, 19 ноември 2024

Протести во Скопје за отфрлање на францускиот предлог

Протести во Скопје за отфрлање на францускиот предлог
Скопје, 4 јули 2022 (МИА) - Пред Владата и Собранието вечерва се одржаа протести преку кои беше побарано отфрлање на францускиот предлог за деблокада на интеграциите на државава во Европската унија, кој според учесниците, е штетен за државава. Во тек на протестите дел од учесниците ги пробија заштитните огради од пред зградите на Владата и на Собранието, кон кои беа фрлани јајца, шишиња, петарди и се бараа оставки. Протестот стартуваше пред зградата на Владата, од каде дел од учесниците потоа се упатија пред Собранието. Владејачката СДСМ соопшти дека го осудува насилството и инцидентите што, како што наведе, вечерва се случуваат на протестот организиран од ВМРО-ДПМНЕ и Левица пред објектите на Владата и Собранието. -Вечерва јавноста обид за повторување на упадот од 27 април 2017 од страна на политички партии кои не и мислат добро ниту на државата, ниту на граѓаните. СДСМ, институциите, граѓаните нема да дозволат ваквото опасно, деструктивно постапување да ја загрози иднината на држава, обидите за дестабилизација на државата одново ќе бидат поразени, наведоа од СДСМ. Протестот официјално нема организатор, но е поддржан од политички партии и граѓански организации кои сметаат дека предлогот е исклучително лош за македонскиот народ и македонските национални интереси.ки/фф/  

Остани поврзан